Кирил Лазаров изби на првото место на листата на најдобрите стрелци во ракометната Лига на шампиони. Лазаров постигнва 11 гола во победата на  Кроација Осигурање во дуелот со Шамбери, а хрватскиот тим повторно е во игра за место во четврт-финалето.


Кроација Осигурање победи со 30-26 со што му се реваншираше на францускиот тим за поразот во Загреб, па сега во последното коло на Хрватите им треба победа против Целје Пивоварна Лашко.

ohridnews