Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, го доби признанието за најдобар десен бек за минатата сезона во ASOBAL лигата.
Во предвечерјето на ASOBAL Купот, кој во сабота, почнува во организација на Адемар Леон, се одржа свеченоста на која беа прогласени најдобрите за сезоната 2013/2014.
На свеченоста, очекувано, доминираа играчите на шпанскиот првак Барселона шампионот кои ги собраа речиси сите наградите пренесува „Макфакс“
Покрај Лазаров награди добија и Виран Морос (најдобар дефанзивец), Даниел Шариќ (најдобар голман), Виктор Томас (најдобро десно крило), Јеспер Нодесбо (најдобар кружен напаѓач) и Никола Карабатиќ, кој ја доби наградата за најдобар ракометар во АSOBAL за сезоната 2013/2014.
Ohridnews