Селекцијата на Македонија во понеделник против репрезентацијата на Норвешка ги продолжува мечевите во главната фаза на Европското првенство.


Репрезентативците против Хрватска го одиграа најслабиот меч на ЕП, но тој треба што побргу да се заборави бидејќи Норвешка според резултатите е посилен противник од „коцкастите“.

– Остануваат два меча кои имаме обврска да ги добиеме. Нема да биде лесно, но ќе дадеме сѐ од себе да го направиме тоа. Мислам дека Норвешка ги изненади сите на ова првенство, ќе видиме како ќе функционираат на другите мечеви. Нема да се оптоваруваме со нив, штом дошле на ова ЕП се квалитетни. Најважно е ние да се вратиме на нашето ниво, на она што знаеме и можеме да го играме. Свесни сме како колективно, така и поединечно дека секој има свои грешки, никој не е идеален, почнувајќи од играчите до стручниот штаб. – рече капитенот Кирил Лазаров.


На ракометарите не им требаат посебни мотиви за дуелот со Норвешка бидејќи таа е единствена селекција која може да го загрози пласманот во квалификациите за Олимпијадата во Рио годинава.

OhridNews