Ракометната репрезентација на Македонија го положи оружјето во Плзен претрпувајќи пораз од Чешка (35-28) во втората рунда од квалификациите за Европското првенство во Хрватска.
„Црвено жолтите“ против Чешка воопшто не беа на нивото од мечот со Украина. Во текот на натпреварот Македонија немаше ниту едно водство, шо најдобро ја отсликува инфериорноста на теренот.
– Потфрливме комплетно и во секој сегмент од играта. И секогаш ова ни се случува во Чешка. Очигледно, ништо не учиме од поразите, што преставува голем проблем. Знаевме што не очекува, но повторно им влеговме во нивната машина и им дозволивме да доминираат. Не треба да се анализира сега, веднаш после натпревар туку подоцна со ладни глави. Одигравме под нашето ниво, но оваа селекција е во фаза на промени кои не се реализираа лесно. – рече капитенот Кирил Лазаров.
Десниот бек со девет голови беше најпрецизен ракометар во селекцијата на Македонија, пред Дејан Манасков кој имаше вкупно 7 погодоци.
Висок пораз на Македонија во Чешка
OhridNews