Македонија после “скандалозниот“ пораз од Германија, од 24-23 максимално си ја закомпликува ситуацијата во Групата Б. Во последниот меч со Чешка само победа е единствената опција која ги води “црвено жолтите“ во наредната фаза.

Го имавме триумфот пред нас, наместо да го фатиме ние го испуштивме од рака, и тоа многу боли. Добро е што во последниот натпревар со Чешка, судбината ја имаме во свои раце. Со малце подобро судење, и  навивање на “фалангата“ се надевам дека ќе ја оствариме победата која ќе не одведе во втората фаза – истакна капитенот Лазаров.

Избраниците на Шундовски, решавачкиот меч во групата го играат со Чешка в четврток во 20:15 часот.  

Mх.П.