Македонското дерби во шпанската Асобал лига му припадна на Кирил Лазаров откако неговата екипа Барселона славеше над тимот на Адемар Леон 43-37 каде настапува Дарко Димитриевски.


Натпреварот го одбележа голеадата на двата тима кои заедно постигнаа неверојатни 80 гола.

Капитенот на Македонија, Лазаров постигна три погодоци додека помладиот Димитриевски реализираше еден погодок.

Каталонците сигурно ќе бидат шампиони бидејќи сеуште нема екипа во Шпанија која може да му конкурира на „дрим тимот“ на Чави Пасквал.

Мх.П.