Капитенот на македонската репрезентацијата, Кирил Лазаров со екипата на Барселона беше подобар од тимот на Ла Риоха во кој настапува Ацо Јоноски победувајќи 35-29.
Со триумфот во „македонското“ дерби каталонците обезбедија пласман во полуфиналето од кралскиот куп каде минатата сезона го освоија трофејот.
Македонскиот интернациоаналец постигна пет погодоци додека Јоноски дејствуваше само во одбраната и со соиграчите не успеа да најде решение за разиграните ракометари на Барселона.
Ohridnews