Ракометарите на Барселона ја прескокнаа првата пречка на завршниот турнир во Келн од Лигата на Шампиони елиминирајќи го Киелце во 1/2 финалето.
Полскиот првак пружи солиден отпор, но неможеше да го направи последниот чекор, кој пак лесно го направи составот на Барселона.
– Во вакви натпревари не победува оној кој е по квалитетен туку кој е посилен ментално. Ние покажвме се во полуфиналниот натпревар и заслужено се пласиравме во големото финале. Можевме и имавме шанса да го решиме мечот во првиот дел, но нивната одбрана малце ни правеше проблеми во напад што многу ни се одрази во одбрана. – рече македонскиот интернационалец, Кирил Лазаров за 24ракомет.
Каталонците во полуфиналено одиграа фантастичен натпревар, а клучот во победата беше голманот Даниел Шариќ, кој беше несовладлив откако влезе од клупата.
– Секој има свој удел во победата, а овој пат најголем имаше Шариќ. Младиот голман Перез де Варгас добро го започна мечот, но потоа потклекна пред притисокот, кој го има во големи количини во вакви мечеви. – додаде Лазаров.
Противник на Барселона во големото финале ќе биде победникот од вториот полуфинален дуел меѓу Кил и Веспрем.
– Сеедно кој ќе ни биде противник бидејќи нашите мотиви се јасни. Пак ќе напоменам дека се е до менталитетот и името на противникот не значи ништо. – заврши Лазаров.
Мх.П.