Индивидуалниот рекорд нема да значи ништо доколку не ја победиме Словенија и обезбедиме место во квалификацискиот турнир за Олиписките игри, смета капитенот и лидер на македонскиот ракометен состав Кире Лазаров.


– Ќе се обидам да ја постигнам целта и
да ги дадам тие голови, но тоа не го правам за мене, туку за моите
колеги од тимот, за мојата земја и за целиот македонски ракомет
– вели
Лазаров.

Лазаров ја потенцираше безрезервната подршка која ја добива од репрезентативните колеги без кои не би постигнал
ништо. “Седумката“ не се согласува дека неговите голови се најзначајни за
успесите на репрезентацијата.

Не е битен бројот на голови кои што јас ги постигнувам, битен е тимот.
Погледнете ги само наградите за најдобар играч што ги освоивме во
изминатите мечеви. Во секој натпревар тоа беше различен играч. Најважно
од се’ е дека сме успешни како тим
– истакна Лазаров.

Успее ли Лазаров да го собори овој рекорд, Македонија ќе стане првата репрезентација воопшто, чиј ракометар е најдобар стрелец во историјата на европските и на светските првенства, пишува ЕХФ, потсетувајќи дека токму Лазаров пред три години постигна 92 гола на Светското првенство во Хрватска, што е најдобар скор во историјата на овие првенства.

Лазаров во два наврати беше најдобар стрелец на европската Лига на Шампиони за клубови, додава ЕХФ.