Најдобриот стрелец во историјата на светските и европските првенства Кирил Лазаров го продолжи договорот и во наредните две сезони ќе го носи дресот на Атлетико Мадрид.


„Во ниту еден момент не се двоумев дали да го потпишам новиот договор. Атлетико функционира како едно големо семејство, под команда на најдобриот тренер. Јас ќе го дадам својот максимум, ги имаме сите услови на нашите навивачи да им донесеме уште многу титули“, рече Лазаров, чија изјава на промоцијата, ја пренесува клупската интернет страница.


Задоволството од тоа што Лазаров потпиша нов договор не го криеше ниту генералниот менаџер на Атлетико, Луис Мигел Лопез. „Продолжувањето на договорот е значајно за овој тим и потврда дека имаме долгорочен проект“, рече Лопез.

Атлетико во четвртфиналето од Лигата на Шампиони за противник го има швајцарскиот Кадетен Шафхаузен.

М.П.