Унгарскиот првак Веспрем е противник на Барселона во финалето од Лигата на Шампиони. Во полуфиналето Веспрем со 31-27 (13-13) го совладаа европскиот вицепрвак Кил за пласман во големото финале.


Ракометарите на Кил по германски рецепт го започнаа мечот, но нивниот резултатски транс траеше до половина од првото полувреме кога унгарците се созедоа.

Потоа, „црвените“ возвратија со иста мера и до полувремето стигнаа до егал (13-13) што беше и најава за одлучувачкото второ полувреме.

Во продолжение на ракометарите од Веспрем се им одеше од рака и одбраните на Мирко Алиловиќ ги крунисуваа со лесни погодоци со кои и се одлепија.

До крајот на мечот Веспрем благодарание на хрватскиот голман го задржа водството и закажа дуел со Лазаров, Карабатиќ и дружината во финалето од Лигата на Шампиони.

Македонскиот интернационалец пет години од својата богата кариера настапуваше за Веспрем што сигурно ќе биде мотив повеќе за двете страни.

Мх.П.