Барселона на крилјата на Кире Лазаров го совлада ПСЖ 35-32 (14-14) во мечот на неделата на ЕХФ. Победата за потврда на лидерската позиција во групата и реванü за поразот во Париз ја завери македонскиот интернационалец со 9 постигнати гола. Македонската единица Борко Ристевски не доби шанcа покрај Де Варгас кој имаше 15 интервенции.
Кај ПСЖ најефикасни беа Хансен со седум и Карабатиќ со шест постигнати гола.
Барселона е осамена на врвот на табелата во групата А со 16 бода, пред ПСЖ со 14. Далеку зад нив на делба на третото место се наоѓаат Фленсбург и Кил со по девет бода.