По неколку месечна дилема ,стигна и официјална потврда. Најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров го напушта унгарскиот Веспрем и од наредната сезона ќе го носи дресот на загребскиот “Croatia “осигурање.

Лазаров го напушта Веспрем, поранешен Фотекс, со 4 наслови шампион и три освоени унгарски купа, како и два настапи во полуфиналето во лигата на шампиони. Моментално Лазаров е најдобар стрелец со 82 постигнати гола во Лигата на Шампиони каде Веспрем ги заврши натпреварите во ¼ финалето по поразот од Кил.
 
Многу работи беа пресудни за да се вратам во Загреб. Имаат огромни амбиции ,имаат подршка од градот и владата. Се работи за земјата која 2009 ќе биде домакин на СП. Мораат покрај силната репрезентација да имаат и силни клубови. Во екипата се враќа Мирза Џомба од “Сиудад Реал“ и Игор Вори од “Барселона“. Тоа доволно говори дека нивните амбиции се големи и дека следната сезона ќе  бидат рамноправен противник на сите екипи во Европа. Се надевам на финале во лигата на шампиони идната година, вели Лазаров

Желбата на капитенот на македонскта ракометна репрезентација е Барселона. На 26 години сум во полна играчка зрелост и овие две сезони во Загреб ќе ми бидат своевидна подготовка за предизвикот да играм во некоја од најсилните европски лиги, шпанската или германската Си ја знам мојата цена, а Барселона постапи малку потценувачки и не понуди доволно. Сепак, ми останува сон да играм за неа. Има уште време за еден така голем клуб, изјави Лазаров.

Мирко Постолоски