Сонот стана реалност за најдобриот ракометар во Македонија, Кирил Лазаров откако со Барселона во Келн ја освои титулата во Лигата на Шампиони.


Во големото финале ракометарите на Барселона со 27-22 го совладаа унгарскиот првак Веспрем и ја донесоа јубилејната десетта титула за клубот.

Барселона доминираше во текот на целиот натпревар, а унгарците само повремено ја загрозуваа предноста која стигнуваше до 7 погодоци.

Лазаров до толку посакуваната титулата во Лигата на Шампиони стигна во третиот обид. Претходно со Сисудад Реал и Атлетико Мадрид претрпуваше порази во финалните натпревари.

Мх.П.