Капитенот Кире Лазаров со девет постигнати гола, и стонастотната реализација од линијата зад седум метри уште еднаш ја потврди својата спортска големина и ја предводеше “македонската фаланга“ до нова победа.
– Посебно се радувам на оваа победа, бидејќи ја израдуваме македонската нација, како и сите овие навивачи кои од својот џеб издвоија средства и дојдоа да не бодрат. На сите меча ја имаме нивната подршка и мислам дека им се оддолживме со нашите игри. Одигравме 5 меча во високо темпо, што навистина е тешко. Нашиот најголем проблем е кога водиме со 6-7 гола разлика, и не знаеме како да ја задржиме таа предност. За мечот со Србија очекувам 10.000 навивачи, па да бидеме десет на десет илјади, да играме ракомет и да му покажеме на светот како тука се игра ракомет и како се сака државата.“, рече македонскиот капитен.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com