Македониската ракометна репрезентација
одигра уште херојски меч, но слично како и дуелите со Шведска и Германија не успеа да се радува на победа. На три од четирите меча имавме напад за победа, два загубивме на спектакуларен начин, а единство со реми завршивме на старот со Шведска.
-Среќата ни го cврти грбот на овој шампионат. Не бевме инфериорни во текот на целиот меч, и испуштивме победа во последната секунда. Неверојатно е како топката по мојот удар се одби во рацете на данските ракометари кои тоа знаеа да го казнат. Ја плаќаме цената на неиграњето константно на големите натпревари. Ќе биде психолошки тешко да се вратиме по овај пораз – истакна капитенот Лазаров кој со 13 постигнати гола беше најефикасниот на мечот.
Наредниот меч Македонија го игра против Полска во понеделник од 16.15 минути.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com