Најдобриот играч во Македонија, Кирил Лазаров со удар од десет метри се обиде да го совлада Славомир Шмал и да донесе реми, но не успеа откако полските ракометари го блокираа неговиот удар.
Разочараноста на теренот беше голема, но како што одминуваше вечерта сите ракометари, а пред се капитенот пишуваа охрабравучки статуси на социјалните мрежи.
Исто така мотивирачки статус имаше Филип Миркуловски кој поради повреда пропушти десеттина минута од драматичниот натпревар.
Лазаров со 17 голови моментално е најдобар стрелец на ЕП, а така треба да продолжи и на мечот со Србија кој е да се биде или не за Македонија.
OhridNews