Предвоникот на македонската репрезентација во ракомет, Кирил Лазаров повторно блесна во дресот на Атлетико Мадрид. Седумте погодоци на капитенот на “црвено жолтите“ три од седмерец, не беа доволни неговата екипа да триумфира на натпреварот со Чеховски Медведи кој заврши без победник 30-30.


Атлетико Мадрид испушти одлична можнсот да ја забележи втората победа во исто толку натпревари во Лигата на Шампиони. Формата на Лазаров е во нагорна линија, што многу ја радува македонската нација пред Европското првенство во Србија во јануар наредната година.

ohridnews