– Одигравме добар натпревар, само малку фалеше да се радуваме на победата. Жално е што Европското не го почнавме со триумф, но Шведска е одлична репрезентација и затоа ремито е голем успех за нас – истакна капитенот Кирил Лазаров.
(Не)очекуваната победа на Чешка над фаворизираната Германија и ремито на Македонија против Шведска ја направи ситуацијата деликатна.
– Триумфот на Чешка над Германија е доказ дека секој нареден меч ќе биде поинтересен. Тешко беше да се соочиме со притисокот поради големите очекувања, но благодарение на нашите навивачи се чувстувавме како да играме во некоја од нашите сали – потенцираше Лазаров, кој немаше свој ден на отварањето на ЕП.
Македонија вториот натпревар од групата го игра утре против “ранетиот лав“ Германија со почеток од 18:20 часот.
Обновено: Реми против Шведска на отворањето на ЕП