Македонскиот репрезентативец Александар Лазевски, во преодниот рок ќе ги напушти редовите на српскиот шампион Партизан и ќе се пресели во Франција.


Според српските медиуми левиот бек на македонската репрезентација, кариерата би можел да ја продолжи во екипата на Ница.

Договорот на Лазевски со Партизан истече по завршувањето на сезоната, што значи дека тој од клубот ќе си замине без обештетување.

Истиот извор наведува дека тренерот на Партизан, Вук Рашовиќ ќе се обиде да го задржи Лазевски. Левиот бек за репрезентацијата на Македонија има одиграно 12 натпревари.

“Макфакс“