Не треба посебен мотив, кога те очекува дерби натпревар со Црвена Звезда. Секој меч со соседите е нова приказна, во која сакам ние да сме победници – истакна левиот бек, Александар Лазевски за престојниот дуел со Црвена Звезда во 1/2 финалето од Купот на Србија.


Македонскиот репрезентативец, Лазевски пред десетина дена на мечот од српската лига против Јагодина, се здоби со повреда на десниот зглоб. Екипата на “црно белите“ во последните години имаат целосна доминација, а така се очекува да помине и оваа сезона.

Не сум 100% подготвен, но нема повреда која може да ме спречи да настапам на градското дерби. Искуството во ваквите натпревари е на наша страна, се играат два мечеви и тогаш се’ можно. Последните неколку сезони, “лесно“ се справуваме во дерби средбите, во мојата кариера само еднаш загубив, во ланската сезона со 1-0 – ја потенцираше важноста на дерби средбите, македонецот на “печалба“ во Србија, Лазевски.


Левиот бек на двомечот со Црвена Звезда ќе ја има најтешката задача, да ја сопре првата виолона на “делиите“ Дарко Лазовиќ.

Спремен сум да одговорам на задачите поставени од тренерот Аврам Грант. Во минатото сум излегувал победник во многу индивидуални дуели, верувам во себе и не се плашам од никого – заврши, Лазевски.

Првиот натпревар на програмата е во среда со почеток во 19 часот, на стадионот на Црвена Звезда,  додека реванш дуелот е на 11 април.

Мх.П.