Еден Американец е осуден на 24 години затвор заради тоа што на интернет се претставувал како тинејџер болен од леукемија, со цел да наговори млади девојки да му праќаат фотографии со експлицитна сексуална содржина.

Триесетгодишниот Џошуа Кистлер „четувал“ со најмалку девет девојчиња на возраст меѓу 12 и 14 години, а приказната за леукемија ја користел да се здобие со нивно сожалување, објавило американското министерство за правосудство.

За да ја поткрепи приказната, Кистлер на девојчињата им праќал фотографии од својот 15. годишен посинок. Еднаш дури го посетиле една од девојките и нејзината мајка, на кои им рекол дека тешко болното момче е во болница на терапија.

Неколку девојчиња изјавиле дека го засакале Кистлер, кој од нив барал да му праќаат свои разголени фотографии пред веб камерите.

Кистлер ја признал вината пред судот и им се извинил на сите жртви.

Девојката од државата Јута, чие комуницирање со Кистлер довело до негово апсење, има само 12 години. Кистлер и рекол дека заради нејзе и нејзината љубомора, прекинал контакти со друга девојка која подоцна се убила.

Скршена од чувството на вина, дванаетгодишното девојче пробало да се убие, после што во целиот случај се вмешала полицијата.

(rts)

С.К.