Натпреварот од првата Австрска лига, Гродиг- Капфенберг (0-1) одигран во петокот е сомлителен и предмет на дополнителни испитување поради соменеж дека е наместен.

До аларм дошло откако на мечот кој бил понуден на азискиот пазар,пристигнале огромни облози за пораз на фаворизираниот тим на Гродиг (во моментот првопласиран на табелата). Тимот од Салцбург го загуби мечот и падна на втората позиција зад Австрија Лустенау.

Менџаерот на Гродиг, Роланд Армингер за австриските медиуми ги отфрли ваквите наоди велејќи оти тимот имал лош ден.

– Моите фудбалери против Капфенберг се трудеа многу, но едноставно немаа свој ден, тврдам дека немаше никаква манипулација. Наша цел е и понатаму пласман во австриската Бундеслига – потенцираше Армингер.

Претседателот на Бундеслигата, Георг Пангл по ваквите најави рече дека веднаш ќе поведат интерна истрага околу сомлителниот меч.

Австриската фудбалска федерација и Бундеслигата во заедничкото соопштение до јавноста истакнаа дека не постои сомнеж дека мечот бил наместен.

– АФФ преку Уефа и австриските букмејкери има свој мониторинг за мечевите од Првата лига, и конкретно за овој меч Гродиг – Капфенберг нема никакви аномалии –
се вели во соопштението.

Сепак истрагата нема тука да заврши и експертите ќе ги продолжат своите анализи во наредните неколку денови, за да откријат дали станува збор за “местенка“ или заслужен триуфм на гостинскиот тим.

М.П.