Евролигашкиот натпревар помеѓу кошаркарите на Панатинаикос и Барселона, поради дојава за подметната бомба беше во прекин речиси еден час.
Имено, на полувремето од овој натпревар, полицијата добила дојава дека во арената ОАКА е подметната бомба, по што гледачите мораа да бидат евакуирани.
На полувремето од натпреварот кој немаше резултатски значај Барселона водеше со 40:23.
Откако полицијата изврши контрола и се увери дека дојавата е лажна натпреварот продолжи и заврши со победа на каталонскиот тим од 80:67.
Инаку двата тима, во пресрет на последното коло обезбедија пласман во Топ 16 фазата, Барса првата фаза ја заврши со скор 9/1 и го освои првото место во Ц групата, а Панатинаикос на третото место забележа скор 5/5.
„Макфакс“