Прва дојава за поставена бомба утрово во Охрид во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека станува збор за лажна пријава.
Додаваат дека биле направени сите потребни проверки во врска со денешната пријава дека на електронската адреса на едно училиште во Охрид е упатена закана за поставена експлозивна направа.
Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектот, а потоа се извршени детални антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажна пријава, потенцираат од МВР.
OhridNews