Лажни дојави на бомби имало утрово во неколку деловни објекти во индустриската зона во Охрид и во едно училиште, потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Во координација со јавен обивнител, СВР Охрид ги презеде сите неопходни мерки и при тоа нема основаност во добиените дојави, изјави Димоски.
Повеќе детали околу дојавите не сподели, освен дека се работи за едно училиште и една фабричка хала.
Поради дојава за поставена експлозивна направа, според неофицијални информации евакуирани биле учениците во основното општинско училиште „Братство единство“.
OhridNews













