Лажни хуманитарци, „истерувачи на духови“… постари граѓани се почесто се жртви на измами
07.07.12 16:25
Старите лица се почесто се мета на измамници, кои не бираат средства за да ја постигнат целта. Со лажно претставување користејќи ја немоќта и наивноста на старите лица тие успеваат дури да им влезат во нивните домови, предупредува полицијата.
-Пензионер од Охрид остана покус за 100 евра, откако вешти измамници го замолиле да им ги донесе од дома под изговор дека треба да проверат дали парите кои ги имале кај себе, а со кои наводно требало да се изврши купопродажба се или не се фалсификат. Во друг случај измамниците се претставуваат како членови на Црвен крст. Доаѓаат и нудат помош. Бараат само да им дадете колку што имате средства, со изговор дека остатокот од помошта ќе дојде со камионче. Вие само чекајте, „ќе дојде“. Во трет случај „истерувач на духови“ успеал на домаќинка да и ги украде венчалните прстени, откако таа го примила во домот.Овие примери на измама ги посочи Тони Филипов – виш инспектор за превенција при СВР- Охрид, на едукативното предавања што се одржа денеска во Здружението на пензионери во Охрид.
Според претседателот на Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца, Ѓорѓи Трпчески, не така мал е и бројот на насилства врз постари лица кои ги вршат членови во семејството, а кои најчесто не се пријавуваат поради срам од околината.
-Во руралните средини тоа очигледно е присутно, меѓутоа и во градов во урбаните средини има насилство, не само во семејството туку и пошироко, особено кога доаѓаат пензиите, вели Трпчески.
Од Здружението на пензионери најавуваат дека во соработка со Одделот за превенција при СВР Охрид, во наредниот период едукативни предавања ќе бидат организиранми и во руралните средини, со цел да се охрабрат пензионерите да ги пријавуваат случаите на насилство и да се заштитат од измами.
На 08112025 во 15 часот во ОВР Струга е пријавено дека во близина на угостителски објект лоциран на регионалниот пат Калишта – Струга, едно лице – сопатник во патничко возило „бмв“ го о...
Организацијата “SupportKocani” соопшти дека извршила втора распределба на средства на повредени во катастрофалниот пожар што се случи на 16 март во Кочани Собрани се вкупно 10944793 ден...
Времето денеска во Охрид ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец Максималната температура ќе достигне 16 степени Во понеде...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.