Добивме селекции како што посакувавме, не се атрактивни но воопшто не се наивни– вели селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Марјан Лазаовски за нашите противници во групата Д од квалификацикиот циклус за Олимписките игри во Лондон.

Македонија се најде во Д групата заедно со репрезентациите на Нов Зеланд и Ангола. Првиот ден сме слободни, во вториот играме со Нов Зеланд, а во последната рунда од групата со Ангола.

Нов Зеланд го познаваме, игравме со нив и на подготовките за ЕП во Скопје, а од последниот шешир, желбата ми беше или Ангола или Кореја, така што на крајот мислам дека добивме добри противници. Сметам дека со квалитетни подготовки како што се планираат и најважно, со добро здравје на сите играчи, можеме да направиме чекор понапред– продолжува Лазовски.

Селекторот смета дека има доволно време да се анализираа сите противници, но најдобрата слика ќе ја имаме на теренот во Каракас.

Едно е сигурно, нема да потцениме никого. Важно ќе биде да почнеме добро, со победа, а потоа одиме од натпревар во натпревар. Со полн состав имаме квалитет и верувам дека можеме да го продолжиме успехот на оваа генерација- заврши македонскиот селектор.

По натпреварите во групата, доколку обезбедиме некое од првите две места, вкрстуваме со групата во која се наоѓаат Русија, Доминиканска Република и Кореја.

Според “математиките“ доколку се биде под конец, за билет на Олимпијадата во полуфиналето ќе вкрстиме со селекцијата на Литванија, која лани ја елиминиравме во четвртфиналето на континеталниот собир.

М.П.