– Нема лесни или тешки противници, единствено патот до триумфот е различен. Ние се најдовме на потешкиот пат но се надевма дека ќе се прикажеме во добро светло и ќе го израдуваме Охрид -вели Марјан Лазовски.
Амак во 1/4 финалето ќе игра против МЗТ , а победникот од тој дуел во полуфиналето ќе игра со подобриот од дуелот Фени Инд – Вардар.
Финалниот натпревар се игра во сабота на 14 март во 20 часот.