Новиот селектор на македонската кошаркарска репрезентација Марјан Лазовски кој во наредните две години ќе го предводи националниот тим, националниот тим на квалификациите за Олимписките игри, и потоа на Европското првенство во Словенија во 2013 година, нема посебни желби пред денешната ждрепка.

Немам посебни желби кој да ни се падне, нема слаби ривали. Сметам дека имам доволно сила и храброст за успешно да го водам тимот. Најбитно е да ја задржиме позитивната атмосфера и со добра игра да се пласираме на ОИ.  – вели новопоставениот селектор.

Лазовски кој како помошник на Арсиќ, а потоа и на Докузовски беше дел од македонската селекција на првенствата во Полска 2009 и Литванија 2011 не планира големи измени во составот.

Не би требало да има големи измени, освен тоа што Кирил Николовски ќе биде во тимот. Голем дел од репрезентативците се надвор од Македонија, треба да види што со овие играчи на кои сезоната во клубовите ќе им трае кога ќе почнат подготовките, а подготовките ќе ги имаме во странство и на нив планирам да дојдат 12-14 играчи – најавува Лазовски, кој првиот собир ќе го закаже за 5 или 7 јуни.

М.П.