Амак СП ги остави зад себе лошите првенствени изданија и фокусирани на купот извојва убедлива победа над МЗТ која ги води кон посакуваната цел, трофеј во куп натпреварувањето.
Марјан Лазовски ја истакна важноста на победата пред се од психолошки аспект.
– Одигравме добар натпревар, ја посакувавме победата која е многу важна од психилошки аспект. Не очекував вака висока победа. Клучот на победата беше играта во одбрана каде ги затворивме нивните шутери.
Алекснадар Совкоски е единствениот играч во тимот со титула во купот:
– Сакаме да се покажеме во најдобро светло и сакаме на крајот да се радуваме, игравме борбено во одбраната погодивме отворени удари и затоа резултатот е вака висок.