Во насока на негување на соработката помеѓу НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид и Лајонс клубовите од Охрид деновиве  во посета на Библиотеката беа претседателката на Лајонс клубот „Десарети“ проф. д-р Устијана Речкоска -Шикоска заедно со Сузана Наумоска, член на клубот.

Честитајќи ни ја наградата „Библиотека на годината“ обете рекоа дека Библиотеката во Охрид има големо влијание во зачувувањето на македонскиот јазик, литература и култура, а дружбата со книгата не е никогаш залудно потрошено време, велат во соопштението од Библиотеката.

Оттука тие се решија да купат поголем број примероци од едицијата 130 тома Македонска книжевност со цел деновиве во пресрет на Нова година да ги даруваат низ училиштата и други институции каде книгите ќе го продолжат својот живот, додаваат во соопштението.

OhridNews