„ЛДП е задоволна од контрареакцијата на реакцијата од Сојузот за иднината, имајќи предвид дека се подигнало барем нивото на писменост за разлика од минатото соопштение од партијата на власт, истовремено и повикана како политички субјект да одговори на прозивките“, се вели во реакцијата на ОО ЛДП Охрид, по вчерашната контрареакција на ВМРО-ДПМНЕ, во врска со случувањата на оддржаната седница на Советот на општина Охрид.
„Од друга страна, повторно депримира нѐ сфаќањето на основната поента на реакцијата од Сојузот за иднината, односно, очигледната неподготвеноста на ДПМНЕ да биде на ниво на задачата. За жал, се решиле да пишуваат за нечија маргиналност, не сфаќајќи ја првенствено својата неважност и необразованост. За воља на вистинатан пак, Жерновски (кој не знаеме зошто го споменуваат во оваа контрареакција), по трет пат им покажа што значи вољата од народот. Заради тоа што не чувствуваме никаква потреба да бидеме дел од дневно политикантските комбинаторики, како и тоа да учествуваме во обуката и просветлувањето на некои нови кадри и личности со стаж ( кои го дооформуваа своето образование на работното место) од Службата за односи со јавност, со едно прашање и едно барање ќе ја завршиме оваа смешна полемика.“ – велат од ЛДП Охрид.
Оттаму ја прашуваат владејачката ВМРО-ДПМНЕ, дали на денешната седница на Советот ќе бидат ставени двете урбанистички точки, кои беа повлечени минатата седница.
„Дали е вистина дека не само што го разочаравте членството кое ви ја донесе победата, туку и дали веќе немате контрола на гласањето на вашата советничката група? Покрај другото, ЛДП бара од одговорните во Општина Охрид кои ги вршат тестирањата на вработените, при оценувањето сериозно да ги земаат предвид реакциите и соопштенијата од Службата за односи со јавност и да не дозволат истите да добијат преодна оцена, нормално ако “кецовите” не ги чуваат за политички неподобните.“ – додаваат од ЛДП Охрид.
OhridNews