Доизградба на новата авробуска станица, покривање на новиот пазар и изградба на катна гаража, затворен базен, источната заобиколница, доизградба на „Железничка“ и дом за стари лица. Ова се дел од приоритетите на кандидатот за градоначалник на Охрид од ЛДП, Боро Павлоски.
„Во нашата програма ги зафаќаме најболните точки од нашето секојдневие, па затоа и кандидатите за советници се од различни професии“, изјави носителот на листата нја советници на ЛДП, Крум Арнаудов.
Освен Арнаудов на советничката листа од ЛДП се: Спиро Николоски, Лидија Јевтовиќ, Радојко Илиески, Борис Донески, Лихнида Спироска, Игор Стојаноски, Здравко Петрески, Марина Петроска и десети на листата од 23 советници е Радован Попоски.











