Либерално демократската партија во Охрид го започна процесот на изготвување на својата изборна програма.

– Во наредниот период сите сегменти на партијата, во соработка со експертите од клучните области ќе ги изработат рамките на Либералнодемократската програма, а потоа ќе се отвори процес на широка консултација како и длабок и содржински дијалог со цивилниот сектор, професионалните здруженија, стопанските комори, синдикатите и сите останати интересни групи за да ги претстават своите политики и својата понуда кон граѓаните на Македонија, изјави Ивица Боцевски, од неодамна нов член на ЛДП.

Според него со понудата на ЛДП, Македонија ќе добие јасна оппција на следните избори со реална алтернативна платформа во економијата, човековите права, европскаите интеграции и во сите останати клучни сегменти.

Во изготвување на програмата ЛДП ги користи искуствата на британските либералдемократи кои викендов во Охрид учествуваа на семинарот на кој се дискутирало за програмските определби на партијата.

Ohridnews