Водевме кампања без навреди и настојувавме акцент да ставиме врз нашата изборна програма“, ова беа завршните зборови во рамките на предизборната прес-конференција на кандидатот за градоначалник на Охрид од либерално-демократската партија, Боро Павлоски.

Павлоски рече дека во Охрид се водела коректна кампања со исклучок на неколку мали екцеси.

Тој денеска ги потсети граѓаните  дека локалните избори се избори за личност.„Граѓаните в недела треба да гласаат за личност, а не за политичка партија“, додаде кандидатот за градоначалник од ЛДП, Боро Павлоски.

Ohridnews