Без победник (1-1) заврши натпреварот помеѓу Андерлехт – Манчестер Јунајтед во првиот натпревар од 1/4 финалето во Лигата на Европа.
„Црвените ѓаволи“ имаа водство со голот на Хенрик Михтарија во 37-та минута и игра која им носеше победа. Но, едно мало невнимание во финишот го искористи Леандро Дендондерк кој го постави конечниот резултат.
Четвртфиналните натпревари од Лигата на Европа паднаа во сенка поради инцидентот на дуелот Лион – Бешикташ кој го одложи почетокот на натпреварот за 40-тина минути.
Во останатите мечеви Ајакс максимално го искористи домашниот терен победувајќи го Шалке со 2-0, додека Селта со 3-2 славеше над тимот на Генк.
Реванш натпреварите од Лигата на Европа се играат следната седмица.
OhridNews