Турскиот клуб Фенербахче за кој настапува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ги заврши мечевите во првата прелиминарна рунда, додека „топчиите“ продолжуваат понатаму, откако не погрешија на домашен терен.

Фудбалерите на Фенербахче изгубија 3-1 Зенит во Русија и не успеаја да ја задржат минималната предноста (1-0) од првиот натпревар. Репрезентативецот на Македонија, Елиф Елмас на теренот помина 90 минути и зааедно со соиграчите го одиграат последниот меч во Европа сезонава.

Во Лондон, Арсенал со убедлив триумф (3-0) го елиминираше БАТЕ Борисов и ја продолжи евро-авантурата. „Топчиите“ целата работа околу пласманот во следната фаза ја завршија за точно еден час во кој постигнаа три голови.

Резултати: Арсенал – БАТЕ Борисов 3-0 (0-1), Динамо Загреб – Викторија Плзен 3-0 (1-1), Ајнтрахт Франкфурт – Шахјтор Доњецк 4-1 (2-2), Наполи – Цирих 2-0 (3-1), Салзбург –  Клуб Бриж 4-0 (1-2), Валенсија – Селтик 1-0 (2-0), Виљареал – Спортинг Лисабон 1-1 (1-0), Зенит – Фенербахче 3-1 (0-1).

Во заградите се резултатите од првите натпревари.

OhridNews