Англиските премиерлигаш Арсенал и Челси продолжија со својот поход кон трофејот во Лигата на Европа поминувајќи ги Наполи односно Славија Прага во 1/4 финалето. Останататите полуфиналисти се Ајнтрахт Франкфурт и Валенсија.

Арсенал со уште еден триумф го отпиша Наполи. „Топчиите“ со минимални 1-0 славеа на „Сан Паоло“ и со вкупен резултат 3-0 обезбедија пласман во најдобрите четири. „Сините“ на идентичен начин како градскиот ривал се пласираа во 1/2 финалето. Челси на домашен терен славеше со 4-3 и го капитализираше триумфот 1-0 од првиот меч.

Најинтересен меч со најмногу возбудувања и неизвесност одиграа Ајнтрахт Франкфурт и Бенфика. Германеците победија со 2-0 на домашен терен и благодарание на двата погодоци во гости во поразот 4-2 се „протнаа“ во ТОП 4.

Во 1/2 финалето силите ќе ги одмерат Ајнтрахт Франкфурт – Челси односно Валенсија – Арсенал

Резултати:

Челси – Славија Прага 4-3 (1-0), Ајнтрахт Франкфурт – Бенфика 2-0 (2-4), Наполи – Арсенал 0-1 (0-2), Валенсија – Виљареал 2-0 (3-1)

Во заградите се резултатите од првите натпревари.

OhridNews