Англискиот премиерлигаш, Арсенал го освои целиот плен во Белград победувајќи го составот на Црвена Ѕвезда со 1-0 во третата рунда од групната фаза во Лигата на Европа.

Победничкиот погодок за „топчиите“ го постигна Оливие Жиру во 85-та минута од натпреварот. Пет минути пред погодокот, домашните фудбалери останаа со играч помалку, откако црвен картон поради два жолти доби Милан Родиќ. 

Резултати: 

Група Г: Хаполе Беер Шева – ФЦСБ (Стеауа) 1-2, Лугано – Викторија Плзен 3-2

Табелаа: ФЦСБ (Стеауа) 9, Хапоел Беер Шева 3, Викторија Плзен 3, Лугано 3

Група Х: Бате Борисов – Келн 1-0, Црвена Ѕвезда – Арсенал 0-1

Табела: Арсенал 9, Црвена Ѕвезда 4, Бате Борисов 4, Келн 0

Група И: Коњаспор – Салзбург 0-2, Олимпик Марсеј – Виторија Гимараеш 2-1

Табела: Салзбург 7, Олимпик Марсеј 6, Коњаспор 3, Виторија Гимараеш 1

Група Ј: Остерсундс – Атлетик Билбао 2-2, Зорија – Херта 2-1

Табела: Остерсундс 7, Зорија 6, Атлетик Билбао 2, Херта 1

Група К: Ница – Лацио 1-3, Зулте Варегем – Витесе 1-1

Табела: Лацио 9, Ница 6, Зулте Варегем 1, Витесе 1

Група Л: Вардар – Реал Сосиедад 0-6, Зенит – Розенборг 3-1

Табела: Зенит 9, Реал Сосиедад 6, Розенборг 3, Вардар 0

OhridNews