Англискиот премиерлигаш Ливерпул во 1/16 финалето ги заврши натпреварите во Лигата на Европа за оваа сезона.


Турскиот гигант Бешикташ во регуларниот дел од мечот ја анулираше предноста (1-0) на Ливерпул од првиот натпревар.


Мечот отиде во продолженија, но таму резултатот на се промени па одлуката падна по изведување на пеналите.

Двете екипи беа непогрешливи во четири серии. Во последната за Бешикташ погоди Арслан, а не успеа за Ливерпул да погоди Дејан Ловрен и со 5-4 ја загубија битката за пласман во 1/8 финалето.

Резултати : Динамо Москва – Андерлехт 3-1 (0-0), Зенит – ПСВ 3-0 (1-0), Б. Менхенгладбах – Севиља 2-3 (0-1), Динамо Киев – Гингамп 3-1 (1-2), Фиорентина – Тотенхем 2-0 (1-1), Интер – Селтик 1-0 (3-3), Легија – Ајакс 0-3 (0-1), Салзбург – Виљареал 1-3 (1-2), Бешикташ – Ливерпул 1-0 5:4 (0-1).

Во заградите се резултатите од првите натпревари.

Мх.П.