Со натпреварите од 1/16 финалето продолжуваат возбудувањата во второто по ранг клупско натпреварување на стариот континент, Лигата на Европа.
Во фокусот ќе бидат неколку натпревари кои се окарактеризирани за дерби средби во 1/16 финалето. За издвојување се дуелите меѓу Селта Виго – Шахјтор Доњецк, Борусија Менхенгладбах – Фиорентина, Андерлехт – Зенит и Виљареал – Рома.
Исто така големо внимание привлече мечот меѓу Манчестер Јунајтед и Сент Етјен поради двобојот на браќата Пол и Флорентин Погба. Најмалиот, Пол влегува како фаворит во дуелот со својот брат кој со соиграчите ќе има тешка задача на Олд Трафорд.
Двојки: Краснодар – Фенербахче (17ч), АЗ Алкмар – Лион (19ч), Астра – Генк, Селта Виго – Шахјтор Доњецк, Ростов – Спарта Прага, Гент – Тотенхем, Лудогорец – Копенхаген, Борусија Менхенгладбах – Фиорентина, Олимпијакос – Османлиспор, Андерлехт – Зенит (21:05ч), Атлетик Билбао – АПОЕЛ, Хапоел Беер Шева – Бешикташ, Легија – Ајакс, Мен Ју – Сент Етјен, ПАОК – Шалке, Виљареал – Рома.
OhridNews