Екипите на Спарта Прага, Виљареал и Атлетик Билбао се првите патници во 1/4 финалето од Лигата на Европа елиминирајќи ги Лацио, Баер Леверкузен односно Валенсија.


Најголемо изненадување приреди составот на Спарта Прага кој со 3-0 го преслуша италијанскиот калчолигаш Лацио во реваншот на Олимпико.


Во прилог на „лацијалите“ одеше и ремито (1-1) од првиот меч, но чесите со фуриозни 45 минути во Рим во кои ги постигнаа трите погодоци го „збришаа“ домаќинот не давајќи ниту малу надеж за поволен резултат.


Правилото „гол во гости“ во нокаут мечевите му се насмевна на Атлетик Билбао на гостувањето во Валенсија. Баскијците изгубија 2-1 од „лилјаците“, но минимални триумф (1-0) на Сан Мамеш ги одведе меѓу осумте најдобри.

Шпанскиот Виљареал на „Бај Арената“ ремизирајќи без голови 0-0 ја одбрана предноста (2-0) од првиот натпревари и го елиминираше германскиот Баер Леверкузен.

Резултати: Лацио – Спарта Прага 0-3 (1-1), Баер Леверкузен – Виљареал 0-0 (0-2), Валенсија – Атлетик Билбао 2-1 (0-1).

OhridNews