Екипата на Ливерпул со 2-0 ја доби првата од двете премиерлигашки пресметки со Манчестер Јунајтед во 1/8 финалето од Лигата на Европа.
Фудбалерите од Олд Трафорд благодарание на голманот Давид де Геа кој имаше пет шест фантастични интервенции имаат шанси за поволен резултатот на реваншот на Олд Трафорд.
Сепак, Шпанецот не можеше сам на Енфилд. Тој немаше никаква поддршка од соиграчите кои потполно потфрлија на дуелот со „црвените“.
Де Геа прв пат капитулираше во 20-та минута кога Даниел Стариџ ударот од белата точка го претвори во погодок.
„Црвените“ со голот на бразилскиот интернационалец Фирмињо во 73-та минута ја дуплираа предноста и обезбедија капитална предност за реваншот во Манчестер.
Резултати: Атлетик Билбао – Валенсија 1-0, Ливерпул – Мен Ју 2-0, Спарта Прага – Лацио 1-1, Виљареал – Баер Леверкузен 2-0.
Мх.П.












