Италијанскиот калчолигаш, Интер претрпе нов вкупно втор пораз во Лигата на Европа, откако изгуби во Чешка од екипата на Спарта Прага со резултат 3-1.


„Нероазурите“, во Чешка отпатуваа со надеж за поправање на впечаток од првиот меч кој го загубија од Хапоел Бер Шела, но со новиот пораз дополнително си ја загрозија европската иднина.

Домаќините преку Вачлав Кадлец во 7-та и 25-та ја погодија мрежата на гостите. Мала надеж за поволен резултат за Интер донесе Родриго Паласио со голот во 71-та минута.

Кога требаше Интер да притисни, дефанзивецот Ранокија доби втор жолт картон, автоматски црвен, а казната за тоа стигна минута подоцна со голот Мари Холек.

Резултати: 

Група Г: Ајакс – Стандард 1-0, Селта Виго – Панатинаикос 2-0

Табела: Ајас 6, Селта 4, Стандард 1, Панатинаикос 0

Група Х: Гент – Коњаспор 2-0, Шахјтор – Брага 2-0

Табела: Шахјтор 6, Гент 4, Брага 1, Коњаспор 0

Група И: Краснодар – Ница 5-2, Шалке – Салзбург 3-1

Табела: Краснодар 6, Шалке 6, Ница 0, Салзбург 0

Група Ј: Фиорентина – Карабах 5-1, Слован Либерец – ПАОК 1-2

Табела: Фиорентина 4, ПАОК 4, Карабах 1, Слован Либерец 1

Група К: Хапоел Беер Шева – Саутемптон 0-0, Спарта Прага – Интер 3-1 

Табела: Саутемптон 4, Хапоел Беер Шева 4, Спарта Прага 3, Интер 0.

Група Л: Цирих – Османлиспор 2-1, Стеауа – Виљареал 1-1

Табела: Цирих 4, Виљареал 4, Османлиспор 3, Стеауа 1

ОhridNews