Италијанските Фиорентина и Наполи и  Динамо Киев се првите патници во четвртфиналната фаза од Лигата на Европа.


Екипата на Рома претрпе убедлив пораз пред своите гледачи од Фиорентина 3-0 иако пред почетокот на мечот имаше предност поради ремито 1-1 на гостински терен.


Наполи на гостувањето во Москва кај Динамо ремизирајќи без голови 0-0 ја одбрани предноста 3-1 од првиот натпревар и обезбеди пласман во осумте најдобри.

Украинците со висок триумф 5-2 го анулираа водството на Евертон 2-1 од првиот натпревар и го елиминираа последниот англиски преставник во европските натпреварувања.

Резултати : Рома – Фиорентина 0-3 (1-1), Динамо Киев – Евертон 5-2 (1-2), Динамо Москва – Наполи 0-0 (1-3).

Мх.П.