Францускиот состав Лион се соочува со голем предизвик пред реванш натпреварот со Ајакс во полуфиналето, откако првиот меч во Амстердам го изгуби со високи 4-1.
„Лавовите“ потфрлија на гостувањето во Холандија и пред своите гледачи ќе ја надополнуваат негативата. Традицијата не е на страната од домаќините, бидејќи никоја екипа до сега нема надохнадено толкава негатива од првиот натпревар.
Манчестер Јунајтед со минималниот триумф (1-0) во Виго зачекори кон финалето во Лигата на Европа. „Црвените ѓаволи“ имаат домашна задача на „Олд Трафорд“ да ја задржат предноста и да обезбедат пласман во финалето.
Двата мечеви се играат во стандардниот термин за натпреварите од Лигата на Европа 21 часот и 5 минути.
OhridNews