Екипите на Тотенхем и Зенит на домашен терен ќе ја бркаат негативата од првите натпревари против Гент (1-0) односно Андерлехт (2-0) во 1/16 финалето од Лигата на Европа.


Англичаните и русите се едни од потесни фаворити за освојувањето на титулата, но и двата тима потфрлија во првите мечеви од 1/16 финалето.

Сепак, двете екипи имаат „домашни“ задачи и ако успешно ги решат ќе се пласираат меѓу 16-те најдобри во најмасовното клупско натпреварување на стариот континент.

Двојки: Османлиспор – Олимпиајкос (0-0), Ајакс – Легија (0-0), АПОЕЛ – Атлетик Билбао (2-3), Рома – Виљареал (4-0), Бешикташ – Хапоел Беер Шева (3-1), Зенит – Андерлехт (0-2), Копенхаген – Лудогорец (3-1), Фиорентина – Борусија Менхенгладбах (1-0), Генк – Астра (2-2), Лион – АЗ Алкмар (4-1), Шахјтор – Селта Виго (1-0), Спарта Прага – Ростов 0-4, Тотенхем – Гент (0-1).

Во заградите се резултатите од првите натпревари одиграни минатата недела.

ЛЕ: Мен Ју и Шалке без проблеми, Краснодар го отпиша Фенер (видео)

OhridNews