Турскиот Фенербахче му го нанесе вториот пораз на Манчестер Јунајтед сезонава во Лигата на Европа совладувајќи го со 2-1 во четвртата рунда од групната фаза.
Дека мечот во Турција ќе биде ново разочарување за „црвените ѓаволи“, домаќините ставија до знаење уште во првата минута, кога со голот на Муса Соу поведоа со 1-0.
После еден час игра домаќините го дуплираа водството, а стрелец на голот беше Џермаин Ленс. До крајот на мечот Манчестер Јунајтед го ублажи поразот преку Вејн Руни.
Фенербахче со триумфот го презеде врвот во групата А додека Јунајтед падна на третата позиција која не води понатаму во мечевите од Лигата на Европа.
Резултати:
Група А: Зорија – Феенорд 1-1, Фенербахче – Мен Ју 2-1
Табела: Фенербахче 7, Феенорд 7, Мен Ју 6, Зорија 1.
Група Б: Астана – Олимпијакос 1-1, АПОЕЛ – Јанг Бојс 1-0.
Табела: АПОЕЛ 9, Олимпијакос 7, Јанг Бојс 4, Астана 2.
Група Ц: Андерлехт – Мајнц 6-1, Кабала – Сент Етјен 1-2
Табела: Андерлехт 8, Сент Етјен 8, Мајнц 5, Кабал 0
Група Д: Макаби Тел Авив – АЗ Алкмар 0-0, Зенит – Дундалк 2-1
Табела: Зенит 12, Макаби 4, Дундалк 4, АЗ Алкмар 2
Група Е: Астра – Викторија Плзен 1-1, Австрија Виена – Рома 2-4
Табела: Рома 8, Австрија Виена 5, Астра 4, Викторија Плзен 3.
Група Ф: Атлетик Билбао – Генк 5-3, Сасуоло – Рапид Виена 2-2
Табела: Генк 6, Атлетик Билбао 6, Рапид Виена 5, Сасуоло 5
OhridNews