Големината на клубовите се познава и може да се забележи после неочекуван пораз, а на токму таков тест не помина турскиот гигант Фенербахче, кој изгуби од Вардар 2-0 во Скопје во рамките од квалификациите за пласман во Лигата на Европа.
Резервениот голман на Фенербахче, Волкан Демирел бесот за поразот го истури врз луѓето кои се грижеа за редот и мирот на стадионот кои сопреа навивач кој со дрес од турскиот клуб влета на теренот. За да се смири тензијта и хаосот интервенираше и полицијата која го испрати фудбалерот во соблекувалните.
– Одбравме многу потежок пат за да ја оствариме нашата цел. Загубивме во меч во кој комплетно доминиравме. Вардар ги казни двете наши грешки и победи, таков е фудбалот. Ние се фокусираме на мечот со Трабзон, а потоа целосно ќе се насочиме кон Вардар, бидејќи ќе мора да возвратиме со иста мера. – рече тренерот Ајкут Кочаман.
Реваншот се игра следниот четврток во Истанбул.
ЛЕ: Фенербахче падна во Скопје ! (видео)
Фото: Екипа.мк
OhridNews